Вчера кугларскиот клуб Вардар во тимот го пополни и второто празно место со нов играч, станува збор за Влатко Гиевски. Со ова ново име целосно е познат составот на црвено-црните за идната натпреварувачка сезона 2017-2018. Во истата ќе се бориме на неколку фронта, домашните две натпреварувања и некои атрактивни турнири. Подготовките тргнуваат за десетина дена.
Ростерот е следен: Миле Димковски-Капитен, Дарко Димитровски, Коста Ристески, Марјан Згонц, Влатко Стојановски, Георг Поп-Крстев, Бранко Митиќ, и новите две имиња: Тони Тодоровски и Влатко Гиевски.
Заминаа: Димитар Димитровски (Хрватска) и Младен Донковски (КК Империал Тобако ТКС)
Тренер на екипата – Драги Димитровски
Jуниорската трочлена екипа од лани останува во истиот проверен состав со кој дојдовме до вицешампионскот место кај младите куглари изминатата сезона.
Ростер: Матеј Костадиновски, Љупчо Митиќ и Мартин Митиќ.