Во групата-А во женската сениорска кошаркарска лига во рамки на 6.коло од „ОРОЛОЏО“ сегментот на програмата за девојките на Александар Ашаданов е нова дерби средба.
ЖКК Вардар во оваа шестта рунда ќе биде домаќин на лидерот на табелата екипата на Бадел 1982. Дуелот е закажан за утре, среда (30.март.2022) со почеток во 17 часот и 30 минути. На натпреварот кој ќе се игра во малата сала при Спортскиот центар “Кале“ за судии се делегирани: Антовски Б. и Ѓеорѓиев Р.