Уште три кола остануваат да се доиграат од регуларниот дел од сезоната во Втората лига.
А извесно е дека кошаркарите на Чаир 2030 ќе тргнат во плеј-офот од најдобрата стартна позиција, првата. Имаат недостижна предност, а својот квалитет го потврдија и со убедливиот триумф против еден од конкурентите. На свој терен, во Чаир, го победија штипски Соколи 1933 со високи (92:64), за скор (18-1).
Серијата на победи ја продолжија кошаркарите на Борец Баскет. Сега и на гостински терен, во Струга, каде не му дозволија на Црн Дрим да дојде до победа која ги води стружани кон опстанокот.
Велешани победија со (104:90), па сега се на 5. место на табелата.
Едно понапред е екипата на Баскет КАМ. Тимот од Македонска Каменица добрите игри ги круниса со гостински триумф во Тетово, против Тетекс ТТК (68:59) и ефект исто каков што имаат штипјани (12-7).
Тие се на само една победа заостанување во однос на двете екипи кои ја делат втората позиција на табелата, Соколи 1933 и Вардар, кој во ова коло убедливо го победи Шкупи, и тоа на гости во Чаир (85:64).
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 19. КОЛО
Шкупи – Вардар 64:85
Чаир 2030 – Соколи 1933 92:64
Црн Дрим – Борец Баскет 90:104
ГКК Охрид – Партизан Водно Санс 63:72
Тетекс ТТК – Баскет КАМ 59:68
Хераклеа – Струмица 52:88
ТАБЕЛА: Чаир 2003 37, Вардар 32, Соколи 1933 32, Баскет Кам 31, Борец Баскет 31, Шкупи 29, Струмица 27, Партизан Водно Санс 27, ГКК Охрид 26, Црн Дрим 25, Тетекс ТТК 24, Хераклеа 21;
ИДНО КОЛО (02.04)
Вардар – Хераклеа
Борец Баскет – Шкупи
Струмица – Чаир 2030
Партизан Водно Санс – Тетекс ТТК
Соколи 1933 – ГКК Охрид
Баскет КАМ – Црн Дрим