Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Вардар го пречекува шампионот КК Работнички, од мечот пренос на МТВ
Вардар го пречекува шампионот КК Работнички, од мечот  пренос на МТВ

Вардар го пречекува шампионот КК Работнички, од мечот пренос на МТВ

Вардар викендов во рамки на Првата кошаркарска лига го пречекува тимот кој е шампион од изминатата сезона, екипата на КК Работнички. Станува збор за натпревар од предпоследото за оваа година, 10.коло во најсилната машка кошаркарска конкуренција, истиот ќе се игра во малата сала при СЦ “Кале“ во Скопје.

Од овој натпревар кој е закажан за недела, 16.декември со почеток во 17-30 ќе може да се проследи директен пренос. Овој дуел ќе го пренесува Македонската радио и телевизија на нејзиниот прв програмски канал. Црвено-белите досега се второпласирани со само еден пораз, нашите момци се наоѓаат на осмата позиција со две победи. Во следното 11.коло ние ќе гостуваме кај Кожув, тоа е последниот дуел на вардарци за календарската 2018 година.