Saturday ,12 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дојдете во Јане Сандански, Вардар против Татран Прешов во последниот меч за оваа година на домашен терен
Дојдете во Јане Сандански, Вардар против Татран Прешов во последниот меч за оваа година на домашен терен

Дојдете во Јане Сандански, Вардар против Татран Прешов во последниот меч за оваа година на домашен терен

Крајот на годината полека се ближи за ракометарите на Вардар, кои треба да одиграат уште два натпревари во СЕХА-лигата. Првиот е вечерва со почеток од 20:15 часот и тоа во С.Ц. Јане Сандански последен пред домашната публика, каде гостува екипата на Татран Прешов.

Ова е дерби дуел од 12.коло во СЕХА-лигата, на кој се среќаваат првопласираниот тим на Вардар и третопласираниот тим на табелата во ова натпреварување, тоа е екипата на Татран. Вечерашниот противник на 11 одиграни меча собра 24 бодови, имаат осум победи и три порази, од кои еден е токму од Вардар, кога во рамките на 3.коло црвено-црните триумфираа минимално (26:27). Останатите два порази се на гостински, терен од екипите на Стеауа и Металург. Шампионот на Словачка е во серија од четири последователни победи во СЕХА-лигата, а за нивниот квалитет говори фактот што оваа сезона го совладаа Брест Мешков на гостински терен, додека пред своите навивачи му нанесоа висок пораз на ППД Загреб и тоа изразен со дури десет голови разлика. Нивниот тренер, Славко Голужа е решен да го доведе оваа сезона Татран на завршниот турнир, каде ќе има можност да се бори за трофејот, кој никогаш не успеал да го освои во ова натпреварување. Завршниот турннир моментално е реална работа за словаците, кои имаа шест бодови повеќе од петопласираниот тим на табелата, екипата на Брест Мешков. Татран има и двајца ракометари кои се во ТОП-10 листата на најдобри стрелци, тоа се десниот бек Бруно Буторац кој високо котира на второто место, како и левиот бек Јанус Лапајне кој е на деветти најефикасен играч во лигата.

Сигурно дека и на вечерашниот дуел ќе дадат се од себе да победат, но сепак Вардар е доволно квалитетен и фаворит во пресрет на овој меч, особено пред своите наивачи кога речиси и да не знае за пораз. На претходните два натпревари во СЕХА-лигата, Вардар покрај останатите повредени играчи настапи и без капитенот Стоилов и левото крило, Дибиров кои добија поштеда од тренерот Парондо, додека на голот го немаше ниту Калифа Гедбан. Во составот за вечерашниот меч ќе го видиме Стојанче Стоилов, додека голманнскиот таденм повторно ќе го сочинуваат Милосављев и Кизиќ.

Очекуваме голема посета на овој дуел и поддршка за нашиот шампион, со оглед дека е последен меч за оваа година на домашен терен. Цената на билетите е само 50 денари, за една вакво дерби во балканската лига. Сигурни сме дека двете екипи ќе понудат квалитетен ракомет, во кој ќе уживаат присутните гледачи. За Вардар останува да победи на останатите два меча и да го задржи првото место во СЕХА-лигата.