Генерацијата на ФК Вардар родени “2003„ година или помладите пионери ја играат својата дебитантска сезона во помладата пионерска супер лига. Екипата која на почетокот од сезоната ја превзема Филип Деспотовски успеа да заврши на првото место во полусезоната и на тој начин да се промовира во есенски шампион во првенството. Оваа генерација на 14 одиграни натпревари имаше 9 победи, 2 нерешени резултати и 3 порази, или вкупно освоивме 29 бодови, кои беа доволни да завршиме на првото место на табелата, со идентичен број на освоени бодови како и прилепска Победа, но Вардар има многу подобра гол разлика од противникот, кој заедно со Работнички, се двата најголеми конкуренти на Вардар за шампионската титула. Нешто подоле на табелата се екипите на Шкендија и Шкупи, кои имаат по 22 бодови, но противници кои не смеаат да се отпишат.
Можеби можевме и подобро што се однесува до бројот на освоени бодови и доколку на домашен терен успеавме да совладаме екипи како Академија Пандев и Њу Старс. Првото место ни го донесе серијата од три последователни победи до крајот на есенскиот дел, кога влеговме во посакуваниот ритам. Поразите беа од екипите кои се наши конкуренти за трофејот и сите беа на терените на противникот. Загубивме, но и победивме по еднаш во дуелите со Работнички и Шкендија, додека против Победа одигравме само еден меч и тоа во Прилеп, на кој загубивме минимално. Добра околност е што ќе одиграме натпревар повеќе на домашен терен против Шкендија, а полошата е што уште еднаш ќе гостуваме во Прилеп и на Алумина. Сепак доколку сакаш да станеш шампион треба на секој меч да одиш на победа, а ние веруваме дека во овој состав има доволно квалитет на крајот да го подигне трофејот, на чело со Филип Деспотовски кој е млад и надежен тренер, кој знае секогаш да го извлече најдоброто и максимумот од своите избраници. Со оглед дека оваа генерација е кратко време со Деспотовски, сигурно дека може да се оцени како добра полусезона за помладите пионери, со надеж дека ќе бидат уште подобри во пролетниот дел од сезоната. Успеавме да постигнеме 32 гола, додека примивме 9 погодоци.
Ова се сите постигнати резултати на помладите пионери во есенскиот дел од сезоната:
1 коло: Македонија Ѓ.П – Вардар 0:3
2 коло: Вардар – Шкендија 2:1
3 коло: Ренова – Вардар 0:3
4 коло: Работнички – Вардар 1:0
5 коло: Вардар – Акад.Пандев 0:0
6 коло: Шкупи – Вардар 0:1
7 коло: Вардар – Брегалница 4:1
8 коло: Победа – Вардар 1:0
9 коло: Вардар – Њу Старс 0:0
10 коло: Вардар – Македонија Ѓ.П 5:0
11 коло: Шкендија - Вардар 3:2
12 коло: Вардар – Ренова 7:0
13 коло: Вардар – Работнички 2:1
14 коло: Акад.Пандев – Вардар 0:3
На пролет ги продолжуваме настапите и во купот, каде ќе се обидеме да стигнеме до трофејот и во ова натпреварување. Вардарци направија голема работа во првите две елиминациски рунди, кога успеаа да ги елиминираат екипите на Работнички и Шкендија, кои важат за посилните противници во оваа возрасна категорија. Најпрво во осминафиналето во еден меч го елиминиравме тимот на Работнички, за во четвртфиналниот двомеч на два пати да ја совладаме Шкендија и на тој начин да се избориме за пласман во најдобрите четири екипи во националниот куп.
Ова се постигнатите резултати во купот на Македонија:
1/8 ( се играше еден меч) Вардар – Работнички 2:1
1/4 меч: Вардар – Шкендија 2:1
1/4 реванш: Шкендија – Вардар 1:3
Што се однесува до најдобриот стрелец во есенскиот дел од сезоната, тоа е Георг Стојановски, момчето кој е роден “2004„ година и кој одигра одлична полусезона, со оглед дека пропушти неколку натпревари поради повреда. Ова е листата на сите играчи кои се запишаа во листата на стрелци кај пом.пионери во есенскиот дел од сезоната ( напомена во предвид се земаат головите во двете натпреварувања):
1. Георг Стојановски 13
2. Харун Алими 6
3. Славче Живков 5
4. Александро Прелоговски, Антонио Мирков, Грегори Давков, Лео Андрески по 2 гола
5. Дарио Јовановски, Филип Ѓорѓоски, Алек Сељанац , Филип Ѓорѓиевски, Андреј Стојчевски, Сулејман Исмаиљи и Дамјан Ќосески по 1 гол.
Пролетниот дел од сезоната треба да започне во месец март наредната година, со натпревар на домашен терен против екипата на Шкупи. Важни ќе бидат првите три натпревари во вториот круг на натпреварување за црвено-црните кои дома ќе играат со Шкупи и Победа и на гости против Брегалница.