Пионерската екипа на ЖРК Вардар, оваа сезона настапува со голем успех составена од девојки родени 2004 година. Истата ја предводат од клупата Анжела Платон и Марија Папуџиева. Тие во својата конкуренција се најдобри, а во кадетската лига каде се две години помали од тој ранг се на само минус два од врвот. Станува збор за добро вкомпониран тим, кој пред се натпреварите ги добива со одлична игра на сите девојки, оние кои стартуваат и оние кој се “џокери“ од клупата. Тренерскиот двоец има завршено одлична работа со оваа генерација.
Во пионерската лига сме “есенски шампиони“, тука имаме 100% ефект, односно пет победи на пет дуели и максимални 15.бода. Со дури пет бода сме зад вториот тим, екипата на ЖРК Металург која ја добивме во Автокоманда со високи 10-25. Во продолжение табелата и резултатите од есенскиот дел.
Во кадетската лига настапуваме иако помали со голем успех, таму на пауза сме во топ-3 тимови. Од осум меча имаме дури шест победи едно реми и само еден пораз. Од врвот на табелата не дели само една победа, лидерот ЖРК Деспија има 22.бода а ние само два помалку односно 19. Во продолжение табелата и резултатите од одиграните есенски кола.