Вечерашниот дуел против Татран Прешов е последен во оваа календарска година на домашен терен за екипата на РК Вардар. Црвено-црните ќе се обидат да стигнат до десеттиот триумф сезонава во СЕХА-лигата, а за противник го имаат шампионот на Словачка кој се наоѓа на третото место на табелата со само три бода помалку од тимот на Вардар.
Што се однесува до составот со кој ќе се спротивставиме на дуелот со Татран, нема некои поголеми промени во однос на претходните два дуели. Добра вест е што денес на теренот ќе ги видиме капитенот Стојанче Стоилов, кој е подготвен да му помогне на својот тим кон нова победа. Поради мала повреда, во составот нема повторно да се најде Тимур Дибиров, па на левата крилна позиција единствена опција и на овој меч е Владо Недановски. Што се однесува до голманскиот тандем, истиот повторно ќе го сочинуваат Милосављев и младиот Кизиќ. Гедбан добива поштеда, а од Вардар не сакаат се уште да ризикуваат ниту со Даниел Ѓорѓески, кој веќе од поодамна нормално тренира со останатите голмани, но не сакаат за последните два меча оваа година да ризикуваат со него.
Тоа значи дека составот ќе биде ист како и од претходните два натпревари, единствено на теренот ќе го видиме Стоилов. Мечот стартува од 20:15 часот.