Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Четири вардарци дел од списокот на “Зборнаја“ за СП
Четири вардарци дел од списокот на “Зборнаја“ за СП

Четири вардарци дел од списокот на “Зборнаја“ за СП

Четири  ракометари што настапуваат во Вардар се најдоа на поширокиот список за Руската селекција од 28 играчи што го објави селекторот Едуард Кокшаров во пресрет на Мундијалот во Германија и Данска. Селекторот воедно е и спортски директор на црвено-црните, а со националниот тим на Русија ќе биде и Дејан Периќ, како тренер на голманитe.

На списокот  се:  десното крило Данил Шишкарев, левото крило Тимур Дибиров,  пикерот Глеб Калараш и десниот бек Дмитри Кисељев. Се очекува  сите  да го изборат своето место и на скратениот список. Русија ќе ги започне подготовките на 25 декември во Новогорск. Зборнаја   ќе има  тест-натпревари против Шведска на 5 и 6 јануари.