Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Шест ракометари од Вардар повикани за јуниорската репрезентација, за претстојниот турнир
Шест ракометари од Вардар повикани за јуниорската репрезентација, за претстојниот турнир

Шест ракометари од Вардар повикани за јуниорската репрезентација, за претстојниот турнир

Македонската јуниорска ракометна репрезентација за играчи родени 2000 година и помлади ќе организира турнир, на кој покрај нашата селекција ќе учествуваат и репрезентациите на Србија, Унгарија, Полска и Црна Гора.

Македонија предводена од Данило Брестовац ќе настапи до две репрезентации поделени во А и Б, во кои се повикани и шест ракометари од Вардар. Се работи за голманите Марко Кизиќ и Андреј Петковски, потоа Игор Ѓорѓиев, Тони Атанасовски, Мартин Карапалевски и Ален Ќосевски.

Турнирот ќе се игра во периодот од 18-20-ти декември.