Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање! Димитровски Димитар повторно “владетел“, тој и оваа сезона има најдобар просек во Македонија

Куглање! Димитровски Димитар повторно “владетел“, тој и оваа сезона има најдобар просек во Македонија

Зад нас е веќе регуларната сезона во Македонската кугларска лига-МКЛ. Сезонава која што заврши изминатата недела, 2016/2017 се играше со шест екипи во трикружен систем односно се одиграа вкупно 15.коло. По крајот на истите шампион на земјава повторно е екипата на КК Макпетрол, а црвено-црниот кугларски колектив ја остари целта и заврши како второпласиран и повторно е вице-првак.

По крајот на сите кола Македонската кугларска федерација излезе со поединечните просеци на кугларите во оваа сезона. Како и минатата и годината претходно на врвот е лидерот на Вардар најдобриот македонски куглар Димитар Димитровски. Тој повторно го повтори успехот од минатата сезона, покажа и докажа дека е број еден во земјава. Покрај тешкиот период оваа пролет кога имаше проблеми со повредата и падот на формата тој се издигна и не дозволи никој да владее со оваа категорија, повторно Диме го зграби врвот, место кое од секогаш го заслужувал. Тој сезоната ја заврши со надобар просек во лигата, односно зад неговото име стои 592,4 соборени дрва по меч. Неприкосновен беше во секој дуел постојано покажуваше дека е вонсериски играч каков што ретко се гледа.  Во топ-15 делот имаше место уште двајца  Вардарци  станува збор за Младен Донковски кој со просек 555,1 е 12-ти, а Миле Димовски со просек 545,2 се најде на 14-тото место на оваа листа. Димитар покрај тоа е прв и во други две категории за кои дополнително ќе му посветиме простор на овој црвено-црн “Бисер“.