Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање! Димитровски и Влаќевски се најдоа во топ-100 најдобри куглари на планетата
Куглање! Димитровски и Влаќевски се најдоа во топ-100 најдобри куглари на планетата

Куглање! Димитровски и Влаќевски се најдоа во топ-100 најдобри куглари на планетата

Сезоната 2016/2017 во сите лиги во куглање одамна е завршена, на праг е новата сезона 2017/2018 години. Светската федерација во овој спорт (NBC ) на својот сајт ги презентираше најдобрите куглари на планетата во изминатата сезона во овој спорт.

На врвот на првото место сосема очекувано и заслужено е легендата на овој спорт Заварко Вилмос (Србија) тој е прв на листата на најуcпешни куглари на планетата за изминатата сезона. Во топ-100 најдобри играчи имаше место за двајца пулени на Драги Димитровски кои минатата сезона одиграа во Вардар. Станува збор за најдоброто македонско кугларско дуо Бојан Влаќевски и Димитар Димитровски. Тие се најдоа во топ-100 делот на најдобри постигнати резултати во изминатата сезона. Двајцата играа во МКЛ за вардаровиот состав (Влакевски само есенски дел), двајцата беа одлични и одиграа меѓусебно финале и ги поделија златото и среброто во поединечното национално Макeдонско првенство, во кое Бојан триумфираше. Покрај тоа настапија за КК Вардар и на светскиот куп во Италија на почетокот од минатата сезона. За жал тие идната сезона нема да играат во црвено-црниот тим, сепак ќе играат заедно како ударно дуо во хрватскиот шампионат. Тие ќе настапуват за загребската екипа Медвешчак.