Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање! Димитровски и Донковски кои заминуваат имаа најдобри поединечни просеци и највеќе победи во МКЛ сезонава
Куглање! Димитровски и Донковски кои заминуваат имаа најдобри поединечни просеци и највеќе победи во МКЛ сезонава
Димитровски Димитар

Куглање! Димитровски и Донковски кои заминуваат имаа најдобри поединечни просеци и највеќе победи во МКЛ сезонава

Зад нас е веќе регуларната сезона во Македонската кугларска лига-МКЛ. Сезонава која што заврши  2016/2017 се играше со шест екипи во трикружен систем односно се одиграа вкупно 15.коло. По крајот на истите шампион на земјава повторно е екипата на КК Макпетрол, а црвено-црниот кугларски колектив ја остари целта и заврши како второпласиран и повторно е вице-првак. Во преодниот рок Вардар го напуштаат Димитар Димитровски и Младен Донковски, со што тимот значајно е ослабнат за идната сезона. Во двете категории поединечни просеци и највеќе победи во дуелите токму овие двајца момци беа на врвот.

По крајот на сите кола Македонската кугларска федерација излезе со поединечните просеци на кугларите во оваа сезона. Како и минатата и годината претходно на врвот е лидерот на Вардар најдобриот македонски куглар Димитар Димитровски. Тој повторно го повтори успехот од минатата сезона, покажа и докажа дека е број еден во земјава. Покрај тешкиот период оваа пролет кога имаше проблеми со повредата и падот на формата тој се издигна и не дозволи никој да владее со оваа категорија, повторно Диме го зграби врвот, место кое од секогаш го заслужувал. Тој сезоната ја заврши со надобар просек во лигата, односно зад неговото име стои 592,4 соборени дрва по меч. Неприкосновен беше во секој дуел постојано покажуваше дека е вонсериски играч каков што ретко се гледа.  Во топ-15 делот имаше место уште двајца  Вардарци  станува збор за Младен Донковски кој со просек 555,1 е 12-ти, а Миле Димовски со просек 545,2 се најде на 14-тото место на оваа листа.

16343828_10210808578322353_990224883_n-660x330-561x330

 Во  категорија  “Поединечно рангирање по Победи“ Димитровски е  исто така е лидер во двата параметри. Во бројот на вкупни победи т.е освоени поени има 13 победи во 14 дуели со други куглари што го прави неприкосовен владетел на истата категорија. Покрај ова во категоријата освоени сетови со 48 сетови е на врвот со цели 8,5 сета пред играчот зад него. Одличен во оваа категорија е вториот вардарец Младен Донковски момчето кое сосема корекно му го чуваше грбот на Димитровски. Младиот Донковски е на одличната четврта позиција. Тој исто така е беше важна алка на овој состав предводен од Драги Димитровски. Младен има 11 победи од 15 дуела, по двата порази на почетокот кога небеше во форма во следните 13 дуели нареди одлични 12 победи во дуелите со своите ривали. Исто така и кај освените сетови со 37 е повеќе од одличен во оваа категорија што само покажува дека станува збор за квалитетен играч. Тренерот Димитровски Драги идната сезона ќе биде скратен во ростерот токму за овие двајца најдобри поединци на црвено-црните.