Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардарци се вратија во Скопје, следи последната етапа од подготовките пред ЛШ двомечот
Вардарци се вратија во Скопје, следи последната етапа од подготовките пред ЛШ двомечот

Вардарци се вратија во Скопје, следи последната етапа од подготовките пред ЛШ двомечот

После двонеделни  подготовки во Австрија, вчера црвено-црниот тим го напушти  Бад Татцмансдорф и се врати во Скопје. Екипата пристигна во Македонија вчера во вечерните часови. Следи краток одмор и потоа ќе се одработува “последната етапа“   за натпреварите од Лигата на шампионите.

Вардар во Австрија  мина 14 дена  каде имаше серија тренинзи и вардарци одиграа четири контролни дуели. На првиот  го  победија Адмира со 2:0, потоа доживеаја идентични и минимални порази од Марибор, Матерсбург и Тосно со резултати  1:0. Погодоците за црвено-црните на подготовките ги постигнаа Бесир Исени и Тигран Барсегјан. Следи краток одмор во нашиот главен град, и последната фаза пред заминувањето во Шведска која ќе се реализира во Скопје. Очекуваме дека годинава ќе направиме исчекор во фудбалска Европа и ќе го изненадиме Малме.