Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Анчиќ: Групата е посилна од минатата сезона, знаеме со какви играчи располага Вардар
Анчиќ: Групата е посилна од минатата сезона, знаеме со какви играчи располага Вардар

Анчиќ: Групата е посилна од минатата сезона, знаеме со какви играчи располага Вардар

Веќе се познати групите за новата сезона во најголемото ракометно натреварување, лигата на шампионите. Вардар ги дозна противниците во најсилната група А, во која ќе биде заедно со екипите на Барселона, Рајн-Некар, Пик Сегед, ПСЖ, Загреб, Висла Плок и Кристијанштад. По извлечената ждрепка, директорот на ППД Загреб, Анте Анчиќ даде свое мислење и оценка на групата во која се наоѓа неговиот клуб.

-Можам да кажам дека групата е посилна од лани, но мислам дека на домашен терен можеме да се носиме со било кој. Добро е што ги избегнавме клубовите, кои заедно со нас настапуваат во СЕХА лигата. Подобро ПИК Сегед, отколку Веспрем, подобро Нант, отколку ПСЖ и подобро Висла, отколку Киелце. Интересни ќе бидат дуелите со Нант, со кој досега сме играле само пријателски средби. Ова лето се засилија со Кирил Лазаров, што ќе биде мотив плус за нашата одбрана. И секако тука се актуелниот првак Вардар, кој знаеме со какви играчи располага, и секогаш фаворизираната Барселона.

Во новата сезона, ППД Загреб ќе биде предводен од стратегот, Касим Каменица.