Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) Полека се најавува стартот на новата сезона во ЛШ, во која Вардар ја брани Европската титула
(ВИДЕО) Полека се најавува стартот на новата сезона во ЛШ, во која Вардар ја брани Европската титула

(ВИДЕО) Полека се најавува стартот на новата сезона во ЛШ, во која Вардар ја брани Европската титула

Со нетрпение ја очекуваме 25-сезона на ракометната лига на шампиони, во која екипата на Вардар го брани приматот, шампион на Европа. Вкупно 28 екипи оваа сезона ќе се борат за трофејот од најголемото ракометно натпреварување, а меѓу нив повторно ќе биде и нашиот состав. Вардар веќе ги дозна своите противници во една од најсилните групи. Принципот на одигрување ќе биде ист како и претходните две сезони. Екипите се поделени во две посилни и послаби групи. Тимовите од двете најсилни групи кои ќе бидат на првото место по одигрување на сите мечеви во групната фаза, ќе играат директно во четврфиналето. И оваа натпреварувачка сезона, завршниот турнир на најдобрите четири екипи ќе се одигра во Келн. Се надеваме дека таму повторно место ќе има за црвено-црните, кои ќе се обидат да направат нов подвиг и да бидат првиот клуб кој успеал да ја одбрани Европската титула.

Повторно ќе гледаме нови возбудувања и квалитетни натпревари, а ЕХФ со посебно видео го најавува стартот на новата сезона во ЛШ, која започнува во месец септември.