Вардаровото дуо во 1/4 финалето од државното поединечно првенство играше со два играчи од “пумпашите“ . Најпрвин нашиот куглар, Влаќевски стана полуфиналист. Тој порано го одигра својот дуел со Александар Соколовски од екипата на шампионот КК Макпетрол. Победувајќи 3-1 во “сетови“ тој собори 597 “дрва“, а неговиот противник од тимот на “пумпашите“ стигна до бројката 550.
Вчера на него му се придружи и вториот член од КК Вардар. Димитар Димитровски одигра одлично со Матиќ Ивица, покажувајќи му дека е разлика неколку класи од него. Тој го победи победникот со високи 4-0 во сетови. Диме отиде на фантастични 665 соборени дрва. Тој ја имаше најубедливата победа (фото) од сите играчи во ова 1/4-финале.
Следниот чекор во ова натпреварување е 1/2 финале кое ќе се одигра на куглана „Мусандра“ на 21.12.2016г. Саатницата за истото дополнително ќе биде одредена. Нашите момци веќе ги знаат својте противници (фото), и со победа над нив ќе влезат во големото финале кое се надеваме ќе биде црвено-црно обоено.