Во текот на вчерашниот ден во две сали во Скопје се одигруваше дел од 6.коло во ракометната Вардар Јуниор лига. Во малата сала во С.Ц “Јане Сандански“-Скопје се одигра натпревар во машка конкуренција помеѓу ГРК Гостивар и РК Бисинов Вардар кај момците родени 2004 и 2005 година.
РК Бисинов Вардар беше подобар од ГРК Гостивар Вардар во овој меч и однесе победа со резултат 21-9 (11-6). Мечот со два последователни гола за предност од 2-0 го отворија момците од Велес. Со иста мера вратија гостиварчани и изедначија на 2-2 во 5 минута од првиот дел. Потоа се играше игра гол за гол постојано изедначувајќи го резултатот на мечот. Најпрвин беше 3-3 потоа 4-4 и 5-5. По овој резултат следеше голема серија 6-1 со кој моците од велешката ракометна школа се одлепија на 11-6. Токму со овој резултат на семафорот во малата сала при спорскиот центар “Јане Сандански“ се замина на одмор.
Вториот дел со гол го отворија како и првиот Бисинов кои поведоа со 12-6. Гостивар погодува и намалува на 12-7 по што следи серија 5-0 за велешани со која тие поведуваат првпат со двоцифрена разлика односно со 17-7. Се до крајот беше една обична рутина негде на 6-7 минути до крајот победникот веќе беше јасен, тоа беше РК Бисинов Вардар од Велес. Тие рутинирано го доведоа мечот до финиш и победија со 21-10. Кај победникот најистакнат беше Антониј Андоски со 7 гола, Давид Славевски имаше 5 гола, а 4 гола постигна Иле Табаков. Кај поразениот тим Стојковски Давор постигна 5 гола, а Велјановиќ Виктор постигна 3 погодоци.