Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка > Доминација! „Вардарки“ сo осум од осум во Првата лига
Доминација! „Вардарки“ сo осум од осум во Првата лига

Доминација! „Вардарки“ сo осум од осум во Првата лига

Одбојкарките на Вардар ја продолжија серијата перфектни изданија во Првата лига со нова максимална победа, овојпат триумфирајќи со 0-3 на гостувањето против Јанта Волеј. Откако истиот ривал беше совладан со максимални 3-0 во рамките од првото коло, со идентичен резултат беше забележан триумф и на денешниот меч, за осма победа во осмиот одигран натпревар од Првата лига.

Домашните одбојкарки пружија достоен отпор, но на крајот пресуден беше квалитетот на „црвено-црните“, кои иако не одиграа на своето највисоко ниво, сепак успеаја да стигнат до уште една победа без загубен сет. „Вардарки“ го добија првиот сет со 19-25, во вториот домашните одбојкарки постигнаа 22, а во третиот 21 поен, за заслужен триумф на „црвено-црните“.

Вардар со максимални осум победи во првите осум кола заслужено се наоѓа на врвот на табелата, пред останатите ривали во трката за највисок пласман.