Во среда (16.12) ќе се одигра последното есенско коло во ПМФЛ. Вардар ќе гостува во Струмица кај последнопласираниот тим на Беласица.
За главен судија на овој дуел од 18.коло е одреден Јосип Бартон (Скопје), додека негови помошници ќе бидат Иса Емурли ( Шемшево), Фатон Мустафи (Тетово) и Доне Ристовски ( Гевгелија). За четврти судија е назначен Доне Ристовски ( Гевгелија).
Натпреварот ќе започне од 13:00 часот на стадинот „Младост“ во Струмица.