Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Младинските екипи на ФК Вардар со максимални 12 освоени бодови го финишираа последното есенско коло
Младинските екипи на ФК Вардар со максимални 12 освоени бодови го финишираа последното есенско коло

Младинските екипи на ФК Вардар со максимални 12 освоени бодови го финишираа последното есенско коло

Изминатиов викенд се одигра седмото коло во младинските фудбалски лиги, кое беше последно во есенскиот дел од сезоната. Вардаровите екипи на најдобар можен начин го завршија овој дел од сезоната освојувајќи максимални 12 бодови во дуелите со екипата на Македонија Ѓ.П. Во продолжение ќе ги објавиме сите резултати од колото во четирите лиги.

Помладите пионери стигнаа и до седмата последователна победа и со 21 бод станаа есенски Шампиони. Во последното есенско коло ја победија Македонија Ѓ.П со резултат 3:1.

Комплетни резултати во помладата пионерска супер лига:

Брегалница – Њу Старс  1:0

Вардар – Македонија Ѓ.П  3:1

Работнички – Шкупи  4:2

Шкендија – Академија Пандев  4:2

Ренова – Пелистер  2:2

Куманово Еуроспорт – Победа  0:1

Пионерите на Вардар стигнаа до петтиот триумф сезонава, високо совладана беше екипата на Македонија Ѓ.П (5:0). Нашите пионери се есенски вицешампиони со само еден бод заостанување зад екипата на Победа.

Комплетни резултати во пионерската супер лига:

Брегалница – Њу Старс  2:7

Вардар – Македонија Ѓ.П  5:0

Работнички – Шкупи  2:1

Шкендија – Академија Пандев  1:0

Ренова – Пелистер  0:1

Куманово Еуроспорт – Победа  1:4

Кадетите како и помладите пионери го завршија есенскиот дел со максимални 21 освоен бод. На гостувањето кај Македонија Ѓ.П славевме со резултат 0:2. На тој начин се промовиравме во есенски шампиони пред екипата на Академија Пандев.

Комплетни резултати во кадетската супер лига:

Њу Старс – Брегалница  1:1

Македонија Ѓ.П – Вардар  0:2

Шкупи – Работнички  2:1

Академија Пандев – Шкендија  4:3

Пелистер – Ренова  3:2

Победа – Куманово Еуроспорт  7:1

Младинците со пет победи и два нерешени резултати го финишираа есенскиот дел на второто место. Нашите млади надежи стигнаа до триумф на натпреварот со Македонија Ѓ.П (1:2)

Комплетни резултати во младинската супер лига:

Њу Старс – Брегалница  1:2

Македонија Ѓ.П – Вардар  1:2

Шкупи – Работнички  2:4

Академија Пандев – Шкендија  0:2

Пелистер – Ренова  2:0

Победа – Куманово Еуроспорт  1:3