Во следниот текст разговараме со кормиларот на црвено-црниот кугларски колектив Драги Димитровски. Истиот е еден од најуспешните и најдолготрајните кугларски тренери во Македонското куглање. Активен уште од самото основање на македонската кугларска лига, кога беше играч и тренер на актуелниот многукратен шампион Макпетрол, еден од најзаслужните што овој клуб денес е она што е. Во својата кариера тренер бил на Работнички од кој створи генерација која денес го држи главниот збор во мак-куглањето. Димовски во својата кариера бил и на челото на македонската сениорска и јуниорска репрезентација, а по овој долг пат г-н Драги на залезот на својата кариера реши да биде тренер на Вардар. Повод за да разговараме со него е тоа што денес стартуваат зимските подготовки на КК Вардар:
1. Господин Драги Димитровски како го оченувате досегашниот одигран есенски дел на МКЛ, и настапот на силниот Светскиот Куп кој се одигра во Италија оваа есен?
Првата полусезона од МКЛ ја оценувам како …очекувана. секако тоа се подразбира дека е успешна. Во 5 кола извојувавме 4 победи и повторно не успеавме да го совладаме Макпетрол, но не жалиме за тој пораз. Едноставно во моментов се фаворити и тоа го оправдаа. Што се однесува до настапот на Светскиот Куп, тој беше во рамките на очекувањата, бевме дел од најсилното светско натпреварување. Го освоивме 11 место од 14 екипи, а посакуваното 8 место избега за многу малку. Сите играчи го одиграа она што се очекуваше од нив, со мали варијации кај поединци во позитивна смисла, “сума сумарум„ успешен настап на Светскиот Куп во Болцано.
2. Зад нас е и завршеното Државно поединечно првенство, вие како тренер може да се кажеме доминиравте. Вашите “пулени“ Димитар Димитровски и Бојан Влаќевски се “прошетаа“ низ истото и одиграа меѓусебно “братско“ црвено-црно финале, како го видовте ова првенство?
Финалето меѓу Диме и Бојан беше многу посакувано од моја страна, но беше и реално судејки по моменталната форма и нивниот врвен квалитет кој ги издвојува како најдобрите играчи во Македонија моментално. Финалето меѓу моите играчи беше најубав завршеток на првата кугларска полусезона и еден вид новогодишен поклон за мене. Победата на Бојан и второто место на Диме е победа на Вардар.
3. Од денес, понеделник 9-ти јануари тргаат подготовките за пролетниот дел. Што очекувате да работите и сработите со нашите црвено-црни момци во истите?
Подготовките ке продолжат по однапред зацртаниот план. Со заминувањето на Бојан Влаќевски во Хрватска малку се намалија нашите амбиции во однос на борбата за шампионската титула, но сега вака ослабени ќе бидеме предизвикани и од тимот на ГТЦ во борбата за 2-то место во лигата. Остануваме посветени на подигање на формата после празничната пауза и очекувам максимална ангажираност и посветеност од моите играчи. Стартуваме со многу оптимизам денес.
4. Пред нас е бурна пролет, остануваат уште два круга во Македонската кугларска лига и “Претседателскиот куп“, кои се вашите очекувања за оваа кугларска бурна пролет?
Основната цел на Вардар во вториот дел од првенството е да го задржиме местото што го имаме во моментов. Тоа е освојување на вице шампионската титула која реално и ја заслужуваме. Во купот целта ни е да играме во полуфинале, т.е да влеземе меѓу четирите најдобри тим, а понатаму се надеваме и на влез во финале. Ако се ова се оствари, Вардар ќе ја има и третата сезона од своето постоење, како успешна.
Михајло Тушевски