Thursday ,07 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Тројца играчи од младинскиот погон на Вардар на тренинг со првиот тим
Тројца играчи од младинскиот погон на Вардар на тренинг со првиот тим

Тројца играчи од младинскиот погон на Вардар на тренинг со првиот тим

На првиот тренинг во новата година беа присутни и тројца играчи од младинскиот погон на ФК Вардар. Се работи за триото Стојчевски, Личина и Димков.

Овој првиот јавноста го познава добро. Стојчевски беше дел од првиот тим на неколку натпревари сезонава. Личина и оваа година е повикан на тренинг на првиот тим. Капитенот на младинците на Вардар се очекува и оваа зима да замине со фудбалерите во Анталија на подготовки. Третиот е Виктор Димков. Димков исто така доаѓа од младинскиот погон на Вардар. Димков исто како и на летните, така и на овие, беше повикан од страна на тренерот Седлоски. Тука може да се придодаде и новиот играч на Вардар, Бојан Колески кој важи за млад и многу талентиран играч.

Фото: Кочо Сотировски