Шампионот на Македонија вчера го имаше првиот тренинг во новата година. На првиот тренинг на Вардар се појавија сите играчи со исклучок на Фелипе кој ќе се приклучи на екипата во текот на денешниот ден или утре.
На првиот тренинг најинтересна личност беше новиот играч на ФК Вардар, репрезентативецот на Македонија до 21 година Бесир Демири. Демири вчера се запозна со целиот тим и базата на вардарци и тргна со работа. На првиот тренинг покрај Демири, присустуваше и уште едно ново лице. Станува збор за младиот играч Бојан Колески кој доаѓа од тимот на Металург. Се работи за млад играч кој треба да биде дел од младинските екипи на Вардар. Освен овој млад играч, на првиот тренинг присуствуваа и тројца играчи од младинскиот тим на Вардар.
Фото: Кочо Сотировски