Вардар од почетокот на оваа година почна со подготовки за пролетниот дел. Тимот вредно работи под полна пареа, а дополнителен квалитет им дава тоа што сега на тренинзите е присутен “кормиларот“ Драги Димитровски во последните десетина дена. Кугларскиот “татко“ на екипата по пауза поради здравствени причини кога не беше дел тимот повторно е тука. Тој ги следи и насочува својте момци на тренинзите и ги подготвува за пролетните искушенија. Особено важно е неговото враќање за јуниорите бидејќи на нив највеќе им треба стручна подготовка бидејќи се во фаза кога сеуште ги осознаваат и увежбуваат кугларските тајни. Прв предизвик за него 20-ти јануари против екипата на КК ГТЦ Мусандра, за кога треба да го подготви тимот, но и да одбере соодветна тактика за настап. Познат е по брилијантното поставување на натпреварувачите, односно распоредот, особено тоа дојде до израз на неколку тешки дерби натпревари и финалето во Купот на Р.М во изминатата сезона. Тогаш, нашиот кормилар кој со години наназад важи за најдобар стратег во овој спорт. Токму он беше идеална прилика за најава на првото пролетно коло, во продолжение го запрашуваме како двата тима влегуваат во овој дуел, кој се нивните предности и мани и очекувањето за исходот од ова прво пролетно коло.
Зад нас е голема зимска пауза, во која тимот на КК ГТЦ Мусандра беше во предност бидејќи има сопствена куглана и тренираа колку што сака и можеа. За разлика од нив Вардар изнајмуваше простор во “Борис Трајковски“, кој додатно беше затворен за празниците што ни предизвикуваше потешкотии. Не очекува соочување со тимот на ГТЦ кој е искусен колектив, во кој играат три поранешни репрезентатици кои и сега играат на одлично ниво. Од друга страна на Вардар му фали играч од квалитетот на Димитар Димитровски и Бојан Влаќевски (поранешните наши играчи) кои носат сигурен поен и доволно “дрва“ во натпреварите. За овој дуел со тимот на ГТЦ сметам дена шансите на двата тима се 50:50, иако морам да кажам декаја посакуваме ние победа на овој натпреварот.
Тренерот на црвено-црниот колектив го запрашуваме за очекувањето во македонската кугларска лига оваа пролет, но и за напредокот на Јуниорската екипа која работи под негова “палка“ втора сезона по ред.
Во пролетниот дел ќе не очекуваат се неизвесни дуели, најмалку три ќе бидат навистина тешки од кој еден со тимот на КК Макпетрол. Во овој втор и трет круг од Македонската кугларска лига ќе се обидеме Вардар да ја зачува втората позиција, што ќе биде успех за нас. Се надевам дека ќе успееме. За Јуниорите кои редовно тренираат и се трудат, и ги исправаат грешките имам пофалби. Со нив се трудам да ги надминат грешките и да ги оспособом наскоро да може да конкурираат за настап во сениорскиот тим на Вардар- завршува Димитровски.