Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Бојан Димоски: За тоа дека во Вардар се работи професионално, доказ се овие добро организирани припреми на спортскиот комплекс во населбата Хиподром
Бојан Димоски: За тоа дека во Вардар се работи професионално, доказ се овие добро организирани припреми на спортскиот комплекс во населбата Хиподром

Бојан Димоски: За тоа дека во Вардар се работи професионално, доказ се овие добро организирани припреми на спортскиот комплекс во населбата Хиподром

Бојан Димоски минатата сезона ја заврши како најдобар стрелец кај помладите пионери, додека оваа сезона настапува паралелно за пионерите и кадетите на ФК Вардар, а има запишано и неколку настапи за младинскиот состав. Тој настапувајќи за двете екипи во есенскиот дел успеа да постигне пет голови. Важен дел од играта на двете екипи на Вардар, со кои оваа сезона ќе атакува на освојување на трофеи. Какви се впечатоците на Димоски после одигрување на есенскиот дел од сезоната, со пионерите и кадетите можете прочитате во изјавата за нашиот сајт.

-Според мене есенскиот дел со генерацијата родени 2001 година година не заврши добро во лигата, со оглед на тоа дека заостануваме многу бодови во борбата за титулата, но има на што да се надеваме бидејки се пласиравме во полуфиналето од купот на Македонија. За разлика од пионерите, со генерацијата “2000“ (кадети) успешно го завршивме есенскиот дел, со оглед на тоа дека има уште многу утакмици, а на табелата сме блиску до врвот.

cc2

Бојан вели дека е напорно да играш натпревари во два дена, но можноста да напредува која му ја дава тренерот Колев со кадетскат екипа е од големо значење за неговиот напредок.

-Играњето на два натпревари во два дена за различни генерации е многу исцрпувачко, но со тие утакмици што ми даваат минутажа во кадети стекнав многу самодоверба и сум многу задоволен од стручниот штаб, бидејки се работи на професионално ниво.

cc3

Главниот дел од подготовките, кадетите ќе го одработат на спортскиот комплекс, во населбата Хиподром. Очекувањата за пролетниот дел од сезоната се освојување на трофеи со двете генерации, за кои настапува Димоски.

-Секогаш сакам да победувам, така да се надевам на две титули со овие генерации. За тоа дека се работи во Вардар професионално, доказ се овие добро организирани припреми на спортскиот комплекс во населбата Хиподром и врвната работа од стручните лица во младинските екипи на клубот.

Звонко Ивановски