Денеска се официјализираа две нови заминувања од таборот на Вардар. Иако беше јасно уште одaмна дека Демири ќе си замине од Вардар, сега стана и официјално, бекот го раскина договорот со Вардар и ќе си бара нова средина.
Покрај Демири, и Петковски денеска потпиша за нов клуб, младиот офанзивен играч својата кариера ќе ја продолжи во тимот на Работнички. Јаневски не сметаше на Петковски, па затоа и младиот играч си направи трансфер откако беше ослободен од Вардар.
Им посакуваме среќа во новата средина и на двајцата играчи.