Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Драги Димитровски- ГТЦ е благ фаворит во дербито, сепак куглањето е непредвидлив спорт, моите момци ќе дадат максимум

Драги Димитровски- ГТЦ е благ фаворит во дербито, сепак куглањето е непредвидлив спорт, моите момци ќе дадат максимум

Викендов на програмата е 13.коло во МКЛ, во истото нашиот Вардар е домаќин на екипата на КК ГТЦ Мусандра. Двата тима во моментот имаат по еднаков број бодови,  по 16. Натпреварот е  “дерби за вицешампионската позиција“ која е цел на двата тима. Дербито ќе го даде тимот кој ќе заврши на 2.место зад шампионот КК Макпетрол кој веќе ја има “впишано“ титулата за оваа сезона. Мечот  се игра во сабота, на 1-ви април со почеток во 11-00 часот во Кугларницата “Мусандра“ при Градскиот трговски центар-Скопје која е дом на двата тима. За овој меч разговаравме со кормиларот на вардарци, најдобриот македонски кугларски тренер кој во моментов води екипа во лигата Драги Димитровски, тој за нас го изјави следново:

Не очекува навистина тешко дерби. Екипата на КК ГТЦ Мусандра е во предност во однос на нашиот тим  Вардар. Може да кажам слободно дека они во овој момент се благ фаворит пред овај дерби натпревар. Моментално имам играчи кои се во играчка криза, или подобро кажано не се во потребната натпреварувачка форма како што посакувам пред овој дуел. Сепак куглањето е крајно непредвидлив спорт, моите момци може да се “дигнат“ и да одиграат како што треба. Се надевам дека вардарци ќе дадат апсолутно се од себе на овој натпревар, очекувам тие кои ќе добијат шанса да дадат максимум и да се надеваме на успех на ова дерби за вицешампионската позиција во Македонската кугларска лига.

Со тренерот зборуваме за неговите нови “пулени“, тој несебично им го пренесува своето знаење на јуниорите на Вардар. Тие под негово водство напредуваат со голема брзина, во лигата забележуваат победи, во досегашните мечеви само еднаш се поразени. Димитровски за надежите вели:

Во нашиот тим имаме тројца јуниори, од кој еден е повозрасен и двајца помлади. Ние се трудиме што побрзо да ја сватат суштината на куглањето. Одличен факт за нив е што имаат желба, сепак потребно е подолго време за да ја научат одлично оваа игра. Сега за сега сум задоволен од нивниот напредок во играта, сепак тие кратко време се дел од овој спорт-изјави Димитровски за нашиот сајт.