Сениорската екипа на кошаркарскиот тим Вардар е дел од плеј-аут сегментот во Првата машка кошаркарска лига. Во воведните три кола одигравме два дуела во кои бевме поразени, а во еден коло поточно второтто бевме слободни поради непарниот број на учесници.
Во следното, 4.коло гостуваме во Охрид, кај тимот на АВ Охрид, екипа која е пред нас на првенствената табела. Овој натпревар е прилика за прва победа во овој сегмент од лигата. Вардар игра со ростер составен пред се од млади македонски кошаркати со мал број на засилувања. Во 5.коло сме домаќини на “фенерџијата“ во лигата, тимот на КК Шкупи екипа против која сите дуели во оваа сезона ги завршивме со успех.