Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Кугларскиот тим “Вардар“ прослави пола деценија успешно функционирање
Кугларскиот тим “Вардар“ прослави пола деценија успешно функционирање

Кугларскиот тим “Вардар“ прослави пола деценија успешно функционирање

Вчера се навршија 5.години откако група ентузијасти, активни куглари и тренер во овој спорт од кој дел од нив дел од поранешниот кугларски клуб Вардар ( од с.д.Вардар) решија светото црвено-црно име да го вратат на кугларската мапа. Така повторно да се “роди“ колектив со шесте свети букви ВАРДАР.

Со формирањето на КК Вардар 2014 се оствари таа идеја. Клубот во ваков, нов формат фунционира успешно 5 години. За време на истите со многу труд, желба и залагање пред се на раководниот двоец Димитар и Дарко Димитровски заедно со стручната помош на тренерот и нивни татко, Драги клубот забележа серија успеси и се етаблираше на кугларското небо. Вчера со свечен ручек во еден од скопските етно-ресторани играчите, претседателиот и тренерот го прославија полу-деценискиот љубилеј.

 dragi-625x330

Купот на РМ во куглање е дефинитивно најсветлата точка како натпреварување за црвено-црните, тука нема простор за дискусија. Вардар во ова натпреварување има две круни, оваа сезона атакува на третта со што би бил најуспешен колктив во оваа натпреварување во последната половина деценија.   Кога станува збор за МКЛ, македонската кугларска лига тука Вардар е неприкосновен на “сребрената“ позиција. Во лигата имаа четири вице-шампионски места, и оваа сезона завршија трети. Покрај ова одлични ја преставуваа земјата и во неколку пати на меѓународни натпрварувања.

kup-poed

Кога е во прашање поединечното државно првенство во 2016 година на истото земаа учество двајцата најдобри играчи на Вардар, Димитар Димитровски и Бојан Влаќевски. Како и што се очекуваше од нив тие се прошетаа до финалето. Имаа одлични настапи и како први двајца по двата квалификациски круга влегоа во полуфиналето во кое на мегдан имаа двајца одлични куглари од тимот на Макпетрол. Бојан и Диме во истото забележаа победи и обезбедија “братско финале“. Истото беше обоено црвено-црно, во последната етапа Влаќевски се закити со злато, а Димитровски дојде до сребро.

kugla1-660x330

Двапати од Вардар  беше реализиран вардаровиот силен меѓународен кугларски турнир “8-ми Септември”,  на кој настапија реномирани екипи и еминентни куглари од Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија, како и од Македонија претставена од кугларите на Вардар. Вардарци имаа визија и за овој турнир, го обмислија и реализираа со многу труд, желбата е истиот да стане традиционален.

kup2-660x330

Моменталниот ростер е следен: Димитровски, Ристевски, Поп-Крстев, Згонц, Димовски (к), Б. Митиќ,  Гиевски, Тодоровски. Митиќ Љ. и Стојановски.

Претходно во нашиот тим во овие пет години беа членови: Димитровски Димитар, Влаќевски Бојан и Младен Донковски, Дане Јакимовски и Дарко Димовски.

На тренерската позиција неприкосновен е Драги Димитровски, тој овие пет години го водеше тимот на само негов типичен начин. Со голема мотивација, чести тактички замки за противниците, одлично и маестрално.