Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Пет играчи од Вардар дел од репрезентацијата на Македонија до 15 години, на силниот меѓународен турнир на нации
Пет играчи од Вардар дел од репрезентацијата на Македонија до 15 години, на силниот меѓународен турнир на нации

Пет играчи од Вардар дел од репрезентацијата на Македонија до 15 години, на силниот меѓународен турнир на нации

Македонската фудбалска репрезентација до 15 години се наоѓа на силен меѓународен турнир, „Torneo delee nazioni“ кој се одигрува во три различни земји.

Македонија се наоѓа во група со селекциите на Португалија, Австрија и Норвешка, а домаќин на групата е селекцијата на Австрија. Веќе одигравме два натпревари, на кои забележавме по една победа против Австрија (2:1), додека бевме поразени од селекцијата на Португалија со 2:0.

Во составот на македонската репрезентација на овој се наоѓаат и четворица играчи од редовите на Вардар. Се работи за Никола Павлески, Максим Милошевски, Игор Јаневски, Георг Стојановски и Бесар Гуџуфи, сите се дел од генерацијата на Вардар родени 2004 година, а тука е и голманот, Стефан Тасев, кој од Вардар премина во Академијата на ФФМ и кој треба да го видиме на голот на црвено-црните од следната натпреварувачка сезона.

Во триумфот против Австрија (2:1), едниот гол беше дело на Бесар Гуџуфи. Утре на програмата е последниот меч во групата, а противник ни е Норвешка. Во случај на триумф за избраниците на Неџат Шабани, ќе разигруваме за пласман од 5-8 место на овој силен турнир, на кој две групи се натпреваруваат во Италија и по една во Австрија и Словенија.

Головите и триумфот против Австија, можете да ги погледнете на линкот, ТУКА.