Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка > Куп Финале! Вардар обезбеди дуел за пехар против Јанта Волеј КВ
Куп Финале! Вардар обезбеди дуел за пехар против Јанта Волеј КВ

Куп Финале! Вардар обезбеди дуел за пехар против Јанта Волеј КВ

Одбојкарките на Вардар и Јанта Волеј КВ ќе играат во  големото финалето на одбојкарскиот куп на Македонија. Вчера се одигаа 1/2-финалните натпревари,  Вардар Жени со максимални 3:0 беше подобра од Работнички, додека во второто полуфинале, Јанта Волеј КВ  го совлада домаќинот, тимот  Струмица жени со 3:1.

На дуелот кој може да го наречеме скопското дерби меѓу Вардар во првиот сет  играше се до 30ка,  освојувјќи го со 30:28. Поведовме во  вториот со 25:21, видовме  драма во завршниот кој го добивме со  26:24 за конечни 3:0.