Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Алушовски: Ова е голем чекор кон освојување на 14. титула за Вардар
Алушовски: Ова е голем чекор кон освојување на 14. титула за Вардар

Алушовски: Ова е голем чекор кон освојување на 14. титула за Вардар

Вардар го направи првиот чекор кон освојување на нова шампионска титула во Македонија. Во С.Ц Јане Сандански, црвено-црните лесно со високи 8 голови позитива (35:27) ја победија екипата на Еурофарм Пелистер. Иако се очекуваше противникот со оглед на играчкиот кадар да пружи поголем отпор и да ја направи понеизвесна борбата за титулата, сепак тоа не се случи, па Вардар стигна до победа која можеше лесно да биде изразена и со повисока разлика.

После завршување на натпреварот своите впечатоци ги сподели, тренерот Алушовски, кој истакна дека неговите играчи го испочитувале договоренотот и заслужено победиле во дербито.

-Честитки на екипата на Еурофарм на фер и коректната борба. Одигравме пред сè во одбрана извонреден меч. Крајниот резултат можеби и не е одраз на она што се случуваше на терен. Да бидам искрен жалам што не заврши и со поголема разлика. Сепак, некој да ни понудеше пред натпреварот осум разлика сигурно дека со две раце ќе прифатевме. Им честитам на моите играчи за пожртвуваноста и борбеноста, како и за залагањето, на карактерот кој го покажаа по не знам кој пат. Се она што го договаравме пред почетокот на натпреварот во играта во одбрана го испочитувавме. Дадовме 35 гола и сум преадоволен. Ова е голем чекор кон освојување на 14. титула за Вардар во Супер машката лига, вели Алушовски.