Ракометарите на Вардар запишаа голема победа, откако денес славеа во дербито со екипата на Еурофарм Пелистер со високи 35:27.
Најдобар поединец на натпреварот несомнено е средниот бек на Вардар, Анте Гаџа. Хрватскиот интернационалец уште еднаш покажа дека се наоѓа во одлична форма и дека веќе е вистинско засилување за тимот. На почетокот од сезоната својата форма ја бараше, а сега има сјајни партии. Токму таква беше и оваа попладнево, постигнувајќи седум погодоци со неколку клучни асистенции за гол.
Се надеваме дека одличната форма на Гаџа ќе продолжи и во текот на следните натпревари и дека заедно со Вардар ќе се радуваат на многу титули сезонава.