Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Дуото Влаќевски-Димитровски “досадно одлични“, повторно со место во топ-6 и ова коло
КУГЛАЊЕ! Дуото Влаќевски-Димитровски “досадно одлични“, повторно со место во топ-6 и ова коло

КУГЛАЊЕ! Дуото Влаќевски-Димитровски “досадно одлични“, повторно со место во топ-6 и ова коло

Минатиот викенд се одигра   второто коло во Македонската кугларска лига-МКЛ. Кугларскиот клуб Вардар во истото  се сретна со екипата на градскиот ривал КК ГТЦ Мусандра. Избраниците на Драги Димитровски дојдоа до првата победа сезонава, со  резултат 3-5. Вардарци имаа 3407 “соборени дрва“, апак домаќините останаа на 3269 “дрва“. Победивме со 3-5 (9-15 во сетови).

Повторно како и по секое минато коло во македонската кугларска конкуренција се составува т.н топ-6 листа на најдобрите шест постигнати резултати од настапот на 36 играчи кои настапиле ова коло. Веќе како по правило кое незнае за исклучок Вардар има свој преставници во истиот. Ударното дуо на црвено-црниот кугларски колектив Димитровски-Влаќевски повторно обезбедија место во овонеделниот топ-6 избор. Димитар Димитровски кој минатото, прво коло беше првопласиран сега го зазема второто место. Тој на дуелот во кугларницата “Мусандра“ собори 619 (410+209) “дрва“. Неговиот партнер во дуото кој исто така незнае да одсуствува  од топ-6 листата Бојан Влаќевски е четврто пласиран со 605 (385+220) “соборебни дрва“.  Следниот викенд пред нив престои исклучително тежок предизвик настап во кугларницата во Битола, која е позната по својата тежина за постигнување врвни резулати поради лошата состојба на истата. Сепак нивната игра ќе се стави овој викенд во фунција на тимот и гостинската победа, без атак на лични резултати.