Голманот на ЖРК Вардар Ина Суслина, имаше успешно завршена операција на менискусот на десното колено. Нашиот искусен голман ќе биде надвор од терените околу два натпреварувачки месеци. Хируршкиот зафат бил извршен вчера од доктор Улрих во болницата во Аугзбург, Германија.
Од Вардар информираат дека овој проблем Ина го имала веќе подолго време, па во консултации со докторите и управата бил решено, тој проблем што е можно побрзо да се санира. И посакуваме успешна рехабилитација на Ина, и брзо враќање на терените.