Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Милиќ повратник во репрезентација на Србија, Марсениќ и Абутовиќ со нов повик од селекторот Цветковиќ
Милиќ повратник во репрезентација на Србија, Марсениќ и Абутовиќ со нов повик од селекторот Цветковиќ

Милиќ повратник во репрезентација на Србија, Марсениќ и Абутовиќ со нов повик од селекторот Цветковиќ

Новиот селектор на машата ракометна репрезентација на Србија, Јовица Цветковиќ го објави поширокиот список на 28 ракометари, на кои ќе може да смета за претстојните натпревари за квалификациите за европското ракометно првенство во 2018 година. На 3-ти ноември Србија ќе гостува на репрезентавијата на Полска, додека три дена подоцна ќе ја пречека селекцијата на Белорусија. На овој список на селекторот Цветковиќ кој го наследни Дејан Периќ, се најдоа и тројца играчи на ракометниот клуб Вардар.

Повратник во репрезентацијата е голманот Страхиња Милиќ, кој се наожа во добра форма на почетокот на новата сезона. Илија Абутовиќ и Мијајло Марсениќ се останатите двајца играчи кои ќе го носат дресот на својата селекција за споменативе натпревари.