Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > И овој викенд кошаркарите и одбојкарите на Вардар немаа настапи
И овој викенд кошаркарите и одбојкарите на Вардар немаа настапи

И овој викенд кошаркарите и одбојкарите на Вардар немаа настапи

Овој викенд спортското друштво Вардар требаше да биде побогато за уште два нови настапи во различни спортови. Кошаркарите на Вардар знаеме дека оваа сезона ќе се натпреваруваат во првата лига на Македонија. Нашите кошаркари во првото коло требаше да се сретнат со Струмица, но како што е добро познато, и овој викенд прволигашка кошарка немаше.

Покрај кошаркарите на Вардар, и одбојкарите викендов требаше да стартуваат со натпреварите во првата лига. Но, и овој старт се одложи. Поради стандардни причини, и овој викенд немаше прволигашка одбојка. Се надеваме дека престојниов викенд ќе започнат со натпревари КК Вардар и ОК Вардар.