Екипата на РК Вардар стигна до осмата последователна победа во СЕХА-лигата. Само еден ден после првиот пораз во лигата на шампиони од екипата на Загреб, избраниците на Раул Гонзалес ја опрадваа фаворитската улога на гостувањето во Нашице и сосема заслужено забележаа триумф. Резултатот на крајот гласеше 27:30. По завршување на мечот за официјалната страна на СЕХА-лигата, свое видување даде нашиот капитен Стоилов, кој постигна еден гол во победата против Нексе.
-Знаевме дека ќе биде тешко да се победи во Нашице. Нексе има млада перспективна екипа која ние многу ја почитуваме и респектираме. Знаеме дека имавме тежок натпревар против Загреб во лигата на шампионите. Очекувавме тука да ги освоиме бодоивте и да се вратиме на победничките патеки, на кратко изјави Столе Стоилов.