Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Влаќевски-Димитровски на врвот на “ Запрешиќ Опен“, Бојан со 701 “златен“ и со мак.рекорд, следен предизвик за нив е СП во Клуж каде ќе ја преставуваат Македонија
Куглање: Влаќевски-Димитровски на врвот на “ Запрешиќ Опен“, Бојан со 701 “златен“ и со мак.рекорд, следен предизвик за нив е СП во Клуж каде ќе ја преставуваат Македонија

Куглање: Влаќевски-Димитровски на врвот на “ Запрешиќ Опен“, Бојан со 701 “златен“ и со мак.рекорд, следен предизвик за нив е СП во Клуж каде ќе ја преставуваат Македонија

Вардарци по гостувањето во Словенија кај екипата на Камник беа дел и од друг кугларски настан. Тие земаа учество на “ Запрешиќ Опен“ во Хрватска. Таму се одржа турнир од “А“-категорија во новата и најмодерна куглана во светот која се наоѓа во истиот град.

Покрај играчите на Вардар на истиот настапија и поранешното ударно дуо на црвено-црните Влаќевски-Димитровски кои беа и дел од експедицијата претходно во Словенија. Бојан Влаќевски беше брилијантен во квалификациите со двапати по 685 соборени “дрва“ со што беше рекордер на кугланата. Нормално со овој скор тој беше првопласиран во квалификациите. Втор беше Бранко Манев со 684, а Димитар Димитровски (претседателот на КК Вардар) имаше скор 639. Следеше настап во финалето, каде што нашите момци покажаа светска класа.

k999

Влаќевски го сруши рекордот на кугланата, имаше 701 “дрво“ резултат за прво место на овој силен меѓународен кугларски поединечен турнир од А-категорија. Тој со овој светски резултат стана прв куглар од Македонија со постигнување од “700+“. Како и секогаш врвот е резервиран за нив двајца, па така Димитровски беше втор и со 671 беше “сребрен“. Овие момци во Македонија секогаш беа на позициите еден-два, сега се дел од Медвешчак каде сезоната исто во листата на поединечни просеци завршија на позициите еден-два во лигата.

ДИМИТРОВСКИ-ВЛАЌЕВСКИ-БЕНЕДИК ТРИОТО КОЕ ЌЕ ИГРА ЗА МАКЕДОНИЈА НА С.П

ДИМИТРОВСКИ-ВЛАЌЕВСКИ-БЕНЕДИК ТРИОТО КОЕ ЌЕ ИГРА ЗА МАКЕДОНИЈА НА С.П

Тука не престанува нивната битка, тие ќе ја преставуваат Македонија на Светското првенство во Клуж, Романија. Боите на црвено-жолтите на истото поркрај Влаќевски и Димитровски ќе ги брани и Бенедик Борис. Ова учество беше целосно изменаџирано од претседателот на КК Вардар, Димитровски Димитар кој успеаа да ја врати Македонија на светската кугларска сцена по пет години. Во истото федерацијата немаше удел, таа и понатака делува летаргично и ги пропушта големите настани како ова СП кое ќе се игра од 20-25.мај.