Скопските улици во неделата беа место на кое се најдоа преку 10.000 тркачи, секој со своја приказна. Меѓу големиот број атлетичари секако и оваа година имаше претставници од АК Вардар.
Најзабележителен настап на Скопскиот маратон имаше Трпе Мартиновски. Искусниот Трпе маратонот од 42 километри го заврши на одличното 18 место со време од 3:12:11. Покрај Мартиновски, Вардар на 42 километри имаше уште еден натпреварувач, Дејан Петков маратонот го заврши на 171 место со време 4:51:27.
На 21 километар пак, Вардар имаше тројца свои претставници. За жал Петре Завировски и Ненад Диниќ не ја завршија трката, додека пак Васко Петрушевски заврши како 1064 пласиран со резултат 2:34:40.
Најкратката патека од 5 километри, Игор Димитровски ја истрча за 39:36 со што го завзема 1405 место, додека пак Невен Фидановски заврши како 760 со време 34:12.