Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! За нив небото е лимит, Влаќевски-Димитровски лидери во квалификациите за Поединечното првенство, 1/4-фин. го почнуваат како носители (ФОТО)
КУГЛАЊЕ! За нив небото е лимит, Влаќевски-Димитровски лидери во квалификациите за Поединечното првенство, 1/4-фин. го почнуваат како носители (ФОТО)

КУГЛАЊЕ! За нив небото е лимит, Влаќевски-Димитровски лидери во квалификациите за Поединечното првенство, 1/4-фин. го почнуваат како носители (ФОТО)

Викендов се комплетираше (фото) вториот круг од Државно поединечно првенство за Сениори и Јуниори. По крајот на истото во вториот квалификациски дел на врвот “испливаа“ сосема заслужено имињата на вардаровото ударно дуо Влаќевски-Димитровски. Бојан има неверојатни 670 соборени “дрва“, апак Димитар одлични 637, што беше доволно и во вториот круг да бидат лидери. Покрај нив втор настап имаше и Младен Донковски кој поради повреда на стапалото се трудеше многу собори 548 “дрва“ што е фантастично за играч кој игра повреден, но недоволно за место во топ-8. Марјан Згонц имаше исто така настап, тој немаше ден и забележа 506 “соборени дрва“ во 2.коло од квалификациите.

Првиот круг исто така тие го завршија како лидери, во првиот круг Димитар беше прв, а пак Бојан трети.  Па така во сумираниот Генерален пласман (фото-2) беше повеќе од извесно дека ќе ги добијат двете позиции на врвот кои носат предност понатака  за нашите вардарци во ова натпреварување. Донковски се пласираше на 12 позиција, му “фалеја“ 50сетина “дрва“ за место во топ-8 кој можеби и ќе ги имаше да не го мачеше незгодната повреда.

Најдобрите осум одат понатака, во топ-8 се:  двајцата наши црвено-црни момци и пет куглари од шампионот Макпетрол и еден играч на КК ГТЦ Мусандра. Двојките во четвртфиналето (фото-3)  се формираа според пласманот по клуч 1-8, 2-7, 3-6, 4-5. Со овој начин ние добивме два играчи од “пумпашите“ за противници во 1/4-финалето кое ќе се игра на  10,12,2016г, сабота  во кугланата при СЦБТ со почеток во  11 часот.

За нив двајца “небото е лимит“ тие одат на првите две позиции годинава. Според планот на 21.12/2016 e закажано 1/2-финалето,  апак   на 28.12/2016 е закажано големото финале на ова кугларско натпреварување во кое се надеваме дека ќе уживаме во “црвено-црн дуел“.