Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. “2003“ со максимални 30 бода станаа есенски шампиони, Прелоговски е најдобар стрелец на екипата
ФК Вардар генер. “2003“ со максимални 30 бода станаа есенски шампиони, Прелоговски е најдобар стрелец на екипата

ФК Вардар генер. “2003“ со максимални 30 бода станаа есенски шампиони, Прелоговски е најдобар стрелец на екипата

Финишираше есенскиот дел во регионалната скопска лига, за генерации родени “2002“ и “2003“ година, а ние правиме преглед полусезоната за генерацијата на фудбалскиот клуб Вардар родени “2003“ година. Избраниците на Томче Трајановски го финишираа првиот дел од натпреварувачката сезона убедливо на првото место на табелата, забележувајќи стопроцентен ефект од десет победи од исто толку одиграни натпревари за црвено-црните. Имавме натпревари каде ги добивавме противниците и со двоцифрена разлика. Игравме офанзивен фудбал, кој ни донесе дури 71 постигнат гол, додека во нашата мрежа примивме само 7.

Состав на ФК Вардар генер. “2003“: Лука Стојковски, Гоце Јовчев, Сејди Бајрами, Филип Ѓорѓоски, Дамјан Марковски, Никола Петковски, Димче Мешковски, Алек Сељанац, Петар Давидовски, Дарко Трпезановски, Влатко Стојановски, Петре Тасески, Дамјан Андреев, Лео Андрески, Иван Пашариковски, Александро Прелоговски, Антонио Мирков, Горазд Јордановски, Марио Петрушевски, Дарио Јовановски, Абдула.

Ова се сите постигнати резултати за оваа надежна генерација на ФК Вардар во есенскиот дел од сезоната:

1 коло: Вардар – Македонија Ѓ.П  8:0

2 коло: Вардар – Башкими  17:0

3 коло: Работнички – Вардар  1:6

4 коло: Вардар – Форца  6:1

5 коло:  Вардар – Шкупи   3:0

6 коло: Милано – Вардар  1:3

7 коло: Вардар – Њу Старс  2:1

8 коло: Ново Лисиче - Вардар  0:7

9 коло: Вардар – Скопје  8:0

10 коло: Вардар – Куманово  11:3

vardarfans-pregled

Црвено-црните на пролет ќе ги продолжат настапите во купот и тоа во рамките на полуфиналето. Во осминафиналето во еден натпревар ја добивме екипата на Шкеднија и тоа дури по изведување на удари од белата точка, откако во регуларниот дел одигравме со нерешен резултат. Во четвртфиналниот двомеч за противник го имавме Работнички, кој го победивме и на двата натпревари. Во ова натпреварување до оваа рунда постигнавме 5, а примивме 2 погодоци.

Куп 1/8 Вардар – Шкендија  1:1  ( пенали 5:4)

Куп 1/4 Работнички – Вардар  1:2

Куп 1/4 Вардар – Работнички  2:0

Што се однесува до листата на најдобри стрелци, неа ја предводи Александро Прелоговски кој постигна 15 гола. Второто место е резервирано за Антонио Мирков со 10, додека трет на оваа листа е Лео Андрески со 9 погодоци. Се земаат во обзир головите постигнати во двете натпреварувања.

917

Александро Прелоговски 15 гола

vardarfans-prelogovski

1. Александро Прелоговски 15 ( сите во лига)

2. Антонио Мирков  10 ( 9-лига, 1-куп)

3. Лео Андрески  9  ( 8-лига, 1-куп)

4.Петар Давидовски  8 ( сите во лига)

5. Дамјан Андреев   и Лука Стојковски по 5 гола  ( сите во лига)

6. Дарио Јовановски 4 и Иван Пашариковски по 4 голови ( 3-лига, 1 куп)

7. Никола Петковски и Марио Петрушевски по 3 гола  ( сите во лига)

8. Влатко Стојановски и Петре Тасески по 2 гола ( сите во лига)

9. Алек Сељанац  2 ( 1-лига, 1-куп)

10. Дарко Трпезановски, Филип Ѓорѓоски, Абдула, Дамјан Марковски по 1 постигнат гол во лигата.

Игравме константно добро во текот на целата полусезона и заслужено се наоѓаме на првото место на табелата. Целта е јасна за оваа генерација, а тоа е освојување на двојната круна. Се надеваме на уште подобри игри во пролетниот дел  освојување на двата трофеи.