Вчера во спортскиот рекреативен центар Кале продолжија натпреварите од петтото коло во ракометната “Јуниор“ лига. Први на програмата беа мечевите во машкиот и женскиот дел кај генерација родени 2000/01 година. Во интересен дуел кај дамите вчера видовме победа на девојките од ракометната школа Филип-Вардар во генерација 2000/01 над РК Будимир со резултат 14:23.
