Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КК Вардар со две екипи во Супер лигата М14
КК Вардар со две екипи во Супер лигата М14

КК Вардар со две екипи во Супер лигата М14

По одигрувањето на 14.коло, завршен е регуларниот дел на сезоната во М-14 лигата, следува разигрувањето за место на завршниот турнир. Истото ќе започне по крајот на паузата поради ситуацијата во земјава.

По одигрување на натпреварите од 14.коло во двете групи, Источната односно Западната, натпреварувањето во М-14 лигата ќе биде продолжено со формирање на една група од осум екипи, (по четири најдобро пласирани во едната и во другата група според пласманот).

Натпреварите во „Оролоџото“ ќе се одиграат во една група, по еднокружен бод систем, во седум кола, со пренесени резултати од првиот дел (со екипите кои го продолжуваат натпреварувањето),  и првопласираните четири екипи одат директно на завршниот турнир.

По одигрување на седумте натпреварувачки круга, екипите ќе ги добијат натпреварувачките броеви од 1-4, и ќе имаат право да разигруваат за Државен првак, за натпреварувачката сезона 2019/2020.

А согласно резултатите во регуларниот дел, во вториот круг од натпреварувањето во М-14 лигата се пласираа екипите на Вардар-2, Водњански Лисици, МЗТ Скопје Аеродром и Спортисимо од Западната, односно Академија ФМП, Дино Баскет, Партизан Водно Санс и многу веројатно, екипата на Вардар-1 од групата Исток, која по паузата во младинските лиги, треба да го одигра својот заостанат меч против екипата на Гостивар за официјално да го потврди пласманот на позицијата број 4.

М-14-МАЖИ – ГРУПА ЗАПАД

РЕЗУЛТАТИ 14. КОЛО

Вардар-2 – МЗТ Скопје Аеродром      100:66

Јуниор Баскет – Водњански Лисици   40:76

Спортисимо – Пелистер     57:37

Црн Дрим – Пробаскет Академија       одл.

ТАБЕЛА: ВАРДАР-2 26, ВОДЊАНСКИ ЛИСИЦИ 26, МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 23, СПОРТИСИМО 22, Црн Дрим 17 (-1), Јуниор Баскет 16, Пелистер 15, Пробаскет Академија 12 (-1);

M-14-МАЖИ – ГРУПА ИСТОК

РЕЗУЛТАТИ 14. КОЛО

Гостивар – Вардар-1  65:62

Ролинг 08 – Куманово        63:56

Дино Баскет – Баскет КАМ 20:0сл.

Академија ФМП – Партизан Водно Санс     одл.

ТАБЕЛА: АКАДЕМИЈА ФМП 24 (-1), ДИНО БАСКЕТ 24, ПАРТИЗАН ВОДНО САНС 23 (-1), ВАРДАР-1 20 (-1), Гостивар 19 (-1), Куманово 17, Баскет КАМ 12, Ролинг 08 12;