Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Црвено-црните кошаркарски надежи ги поразија Чаир 2030 и ФМП Академија
Црвено-црните кошаркарски надежи ги поразија Чаир 2030 и ФМП Академија

Црвено-црните кошаркарски надежи ги поразија Чаир 2030 и ФМП Академија

Две убедливи победи за нашите младинци oд кошаркарскиот клуб Вардар беа остварени викендов што е зад нас. 

Јуниорите на гостувањето во Чаир, извојуваа значајна победа 57:83. Имавме водство во текот на целиот натпревар, што за нас е особено значајно бидејќи во оваа генерација настапуваме со 8 играчи кои се помлади. Наумоски М. со 24 поени (роден 2003 година) беше лидер на екипата, а Јаневски С. значително помогна со неговите 16 поени.

Во СРЦ Кале, со М16 ја пречекавме екипата на ФМП Академија против која забележавме два бода. На овој натпревар дебитираа Тачи М. со 20 поени и Наумоски М. со 16 поени, кои се вистинско засилување на овој тим, а секако од веќе постоечкиот состав како најстрелец се запиша и Гацов Д. со постигнати 20 поени.

КК ВАРДАР – КК Фмп Академија 91:68

Честитки за играчите и тренерот Јованчев