Двејн Мајнер ќе биде последното странско засилување за кошаркарскиот клуб Вардар, кој во новата сезона ќе биде дел од првата лига. Претходно црвено-црните ги засилија уште двајца кошаркари од Америка, се работи за Џамаркус Херстон и Џуниус Проуел.
Мајнер доаѓа од Универзитетот Харис Стоу Стејт за кого последната сезона одиграл 34 натпревари (33 како стартер) и просечно постигнувал по 10,9 поени, 4,3 скока и 1,5 асистенција.
Новите засилувања, заедно со Робев и Какруки, треба да бидат главната сила на Вардар, во новата сезона, за што подобар пласман во првата лига.