Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање! Дуото Димитровски-Влаќевски дели кулгарски лекции и во Хрватска
Куглање! Дуото Димитровски-Влаќевски дели кулгарски лекции и во Хрватска

Куглање! Дуото Димитровски-Влаќевски дели кулгарски лекции и во Хрватска

Викендов во рамки на  кугларската хрватска лига се одигра дуелот помеѓу домаќинот КК Ѓурѓеновац и екипата на КК Медвешчак во кугланата при СРЦ “Вијуш“. На овој натпревар во редовите на гостинот настапија двајцата поранешни вардарци Бојан Влаќевски и Димитар Димитровски ( актуелен претседател на КК Вардар). Тие беа најдобрите поединци на овој натпревар, покажаа дека се класа и дека нивното ангажирање беше сосема одличен погодок за поранешниот европски првак КК Медвешчак.

КК Медвешчак триумфираше на овој дуел со 2-6 (8-16, 3273-3451). Двајцата поранешни црвено-црни момци освоија поени во дуелите со ривалите. Бојан Влаќевски имаше соборено 632 “дрва“ со кој го совлада   Грандиќ Бранко со 4-0 во сетови. Димитар Димитровски се сретна со Дарио Домњак и го совлада со 3-1 во сетови, тој имаше соборени одличи 612 “дрва“. Нашите момци беа единствени од сите куглари кои настапија кои отидоа над бројката “600“ на овој натпревар.

Извор- http://kuglarskiklubvardar.mk/