Димитар Димитровски актуелен претседател на КК Вардар и поранешниот соиграч од Вардар, член на ударното дуо на црвено-црните, Бојан Влаќевски оваа сезона ја минаа во тимот на Медвешчак од Хрватска. Откако заминаа токму од црвено-црниот тим во овој хрватски тим со богата историја. Медвешчак мораше сезонава да ја одигра во Хрватската лига Север (втора по квалитет лига) по лошата сезона лани во елитата. Тие покажаа квалитет во новата средина и се најдоа екипно и поединечно на врвот.
Бојан Влаќевски и Димитар Димитровски беа едни од столбовите на хрватскиот кугларски тим кој сакаше и успеа да се врати онаму каде што припаѓа во најсилната конкуренција, откако завршија како прваци. Тимот од осамостојувањето на Хрватска бил шест пати првак на земјата, голем број пати бил првак и во ех Југославија. Има десет меѓународни титули: седум титули во Светскиот куп, три во европскиот и една титула во НБЦ-купот. По крајот на 22.коло (последно) од првенството на листата на најдобри просеци во лигата се повторни сликата од времето кога овој тандем играше во Македонска лига, тие ги зеземаа позициите “еден„ и “два“. На врвот на листата е Бојан Влаќевски, единствен во целата лига со просек над 600, тој лидер на оваа листа со скор од просечно соборени 609,33 “дрва“ по одигран дуел. Втор е Димитар Димитровски веднаш зад Бојан, тој има просечен скор од 581, сосема одличен за позицијата број двa.