Вчера во спортската сала “ Гоце Делчев“ во скопската населба Илинден се одржа турнир во мини ракомет организиран од ракометната школа РК Кузман Вардар. Истата е дел од Академијата на Ракометниот клуб Вардар, како и екипите учеснички.
На овој турнир победник беше екипата на РК Ангели Вардар од Скопје. Ова е прв турнир во мини ракомет организиран од РК Кузман Вардар и истиот се очекува да прерасне во традиционален. Наградите на младите ракометни црвено-црни надежи им ги врачи ракометарката на Вардар и репрезентативка на земјава, Николиќ Марија.
Повеќе фотографии од овој настан може да погледнете на следниот ЛИНК!